февруари 24, 2025

Обвинителството ќе бара одземање на имунитетот на пратениците кои учествуваа во нередите во Софија

SOFIA, BULGARIA – FEBRUARY 22: Far-right supporters clash with the police during a protest in defense of the Bulgarian Lev and against the introduction of the Euro outside the Bulgarian National Bank (BNB) and the Representation of the European Commission, organized by far-right and ultranationalist political party in ‘Revivla’ in Sofia, Bulgaria on February 22, 2025. Hristo Vladev / Anadolu,Image: 967531593, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Hristo Vladev / AFP / Profimedia

Бугарскиот министер за внатрешни работи гарантира дека структурите на МВР се подготвени да ја применат целата строгост на законот за да спречат нови вандалски акти во центарот на главниот град на Бугарија.

По насилниот протест на ултрадесничарската опозициска партија „Преродба“ и ескалациите пред седиштето на Европскиот парламент и Европската комисија во Софија во сабота, бугарскиот главниот обвинител Борислав Сарафов се сретна со министерот за внатрешни работи, претседателот на Агенцијата за национална безбедност, директорот на Националната служба за безбедност и претставници на полицијата.

Медиумите во Бугарија објавија дека се анализирале собраните информации од МВР, безбедносните служби и обвинителството во врска со вандалскиот чин извршен врз зградата на Европската комисија и Европскиот парламент во главниот град на 22 февруари 2025 година, во кој беа повредени десетина полицајци и 19 демонстранти.

Борислав Сарафов нагласи дека обвинителството ќе бара кривична одговорност од сите лица инволвирани во нарушување на јавниот ред. Во однос на оние што уживаат имунитет и за кои се собрани докази дека се сторители на кривични дела, веднаш ќе се побараат од надлежните државни органи да се обезбеди дозвола за кривично да одговараат.

На координативната средба беа констатирани конкретни мерки што треба веднаш да ги преземат органите на прогонот за да се спречат ваквите асоцијални манифестации насочени кон дестабилизација и спротивни на правниот поредок.

Бугарскиот министер Митов гарантира дека структурите на МВР се подготвени да ја применат целата строгост на законот за да спречат нови вандалски акти во центарот на главниот град на Бугарија.

Окружното обвинителство на Софија подигна обвинение против пет лица – од кои четворица полнолетни, еден малолетник – за хулигански дела кои се одликуваат со особена дрскост и цинизам, а некои од нив пружија и отпор против надлежниот орган со функции за зачувување на јавниот ред пред седиштето на ЕП и ЕК, изјави заменик окружниот обвинител на Софија Атанас Доцински во врска со ескалација на саботниот протест на „Преродба“ против воведувањето на еврото.

Казната предвидена во законот е до 5 години за полнолетни и до 2 години за малолетни лица, рече Атанас Доцински.

Денеска Софискиот окружен суд се очекува да ги разгледа барањата на обвинителството за определување мерка притвор на обвинетите. Со указ на обвинителот Д.Ш., С.Ј., С.К., М.П. им е одреден притвор до 72 часа, а Ц.Т. – за период до 48 часа, а на шестиот приведен И.Б. надзорен обвинител му одреди притвор до 72 часа. Се чека да биде поднесено барање до судот за определување мерка „притвор“ против обвинетиот.

Доцна во неделата полицијата уапси уште три лица за вандализмот пред зградата на Европската Комисија, со што бројот на задржани се искачи на 10, но двајца се пуштени на слобода поради пратеничкиот имунитет.

Демонстрантите во саботата прво се собраа пред Бугарската народна банка во Софија, а подоцна се упатија кон зградата на Европската комисија, каде што настана тензија. Учесниците во акцијата фрлаа бомби и ја испрскаа зградата со црвена боја. Како последица на ескалацијата имало и приведени, а МВР пријавила и повредени полицајци.

По овие акции на органите на прогонот, „Преродба“ виде политичка нарачка од ГЕРБ и од партискиот лидер Бојко Борисов. ГЕРБ одговори дека сите треба само да се плашат од законот и дека сите се еднакви пред него.

Лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов најави дека се подготвуваат протести низ земјата со барање да се зачува бугарскиот лев и ги повика Бугарите на граѓанска непослушност.




Slobodenpecat

Read Previous

Мицкоски: Така одлучивме – Македонија коспонзор на Резолуцијата на САД за Украина