февруари 22, 2025

За 10 години поддршката за ЕУ намалена за речиси 20 проценти

Поголем дел од граѓаните – 62 отсто го поддржува процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), покажува заедничкото истражување на Институтот за демократија и локалната канцеларија на Фондацијата Конрад Аденауер.

Резултатите од анализите потврдуваат дека се` уште има голема разлика во поддршката кон ЕУ меѓу двете најголеми етнички групи – 56 отсто од испитаниците Македонци се `за` во Унијата, додека тој процент кај Албанците е многу поголем – дури 82, пренесе „Гласот на Америка“.

43 отсто од граѓаните мислат дека дека опструкциите од соседните земји се најголемата пречка за напредокот на земјата. 20 проценти од испитаниците се `за` уставни измени, додека другите се поделени за статус-кво, повлекување од процесот и промена на преговарачката рамка.

Иако поддршката за влез во ЕУ од 62 отсто се` уште е висока, кога ќе се спореди со ситуацијата од пред десет години, се забележува надолен тренд. Во 2014, дури 80 проценти биле „за“ земјата да стане дел од Унијата.

ZOOM

Read Previous

30 години тетовски универзитет, одбележана годишнината од првите предавања

Read Next

Пожар во куќа во центарот на Куманово