февруари 21, 2025

30 години тетовски универзитет, одбележана годишнината од првите предавања

Почнувајќи со поклонение на гробот на паднатиот борец кај тетовскиот универзитет Абдилселам Емини и на бистата на првиот ректор Фадил Сулејмани, а потоа со посета на џамијата во селото Порој, на чие поткровје се одржа првото предавање, Универзитетот во Тетово ја одбележа 30-годишнината од првите предавања.

Настанот продолжи со свечена академија на универзитетот, на која беа одликувани првите декани на тогаш отворените факултети, како и сопственикот на куќата во Мала Речица каде беше потпишан актот за основање на Тетовскиот универзитет.

TV21

Read Previous

Околу 80 насто од македонските граѓани се против уставни измени како услов за преговори со ЕУ

Read Next

За 10 години поддршката за ЕУ намалена за речиси 20 проценти