февруари 21, 2025

Пожар во куќа во центарот на Куманово

Три противпожарни возила и деветмина пожарникари ноќеска гаселе подрумски простории на семејна куќа во центарот на Куманово, соопштија денеска од регионалниот центар за управување со кризи. Пожарот избувнал околу 23 часот, а бил изгаснат во 05:45 часот, утрово.

„Опожарен е подрумскиот дел на објектот на улицата „Перо Чичо“. Направена е материјална штета, причината за пожарот ќе се утврдува“, информираа од РЦУК.

И денеска една противпожарна екипа интервенира во исцрпување на вода. Од пожарот, како што информираа од ТППЕ Куманово биле зафатени и пластични цевки за водовод, што предизвикало дополнително истекување на вода.

Од почетокот на годинава досега имаше неколку пожари на објекти, семејни куќи. Според податоците на противпожарната единица од почетокот на годинава, досега има околу 50-тина пожари вкупно, најголем процент на отворен простор.

Skopjeinfo

Read Previous

За 10 години поддршката за ЕУ намалена за речиси 20 проценти

Read Next

Околу 800 лица направиле сообраќаен прекршок вчера