февруари 8, 2025

За еден час три земјотреси со јачина над четири степени го погодија Санторини

Според последните проценки на експертите, се намалуваат шансите островот да го погоди земјотрес со јачина од 6, 6,1 или 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Три земјотреси, од кои два беа со јачина од 4,1 степени и еден од 4,4 степени, според Рихтеровата скала, се регистрирани утрово во морската област кај грчкиот остров Санторини. Потоа, следуваа уште неколку земјотреси.

Сите три земјотреси се окарактеризирани како слаби, а сеизмолозите не очекуваат посилни потреси.

Последниот земјотрес го погоди Санторини околу 11 часот, а како што пренесува „Прототема“, бил со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Според последните проценки на експертите, се намалуваат шансите островот да го погоди земјотрес со јачина од 6, 6,1 или 6,2 степени според Рихтеровата скала.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис вчера го посети островот, од каде што ја повика јавноста да остане смирена и да ги следи насоките на службата за цивилна заштита.

„Сакам ги уверам жителите на Санторини, како и на сите соседни острови кои во моментов поминуваат тежок период, дека државниот механизам е на нивна страна. Очигледно е многу подобро да се подготвуваме и да превенираме отколку отпосле да брзаме со справување со последиците“,рече тој.

Поради интензивна сеизмичка активност, грчката влада прогласи вонредна состојба на Санторини откако егејскиот остров беше погоден од серија земјотреси во последните денови, што предизвика евакуација на повеќе од 11 000 жители и туристи.




360Stepeni

Read Previous

Средби на министерот Муцунски со претставници на македонската дијаспора во Австралија

Read Next

Неготино ѝ оддаде почит на Фросина и на жртвите на сообраќајно насилство