февруари 6, 2025

Мурати за укинување на Балансерот: Ја почитувам одлуката на Судот, но не се согласувам

Поранешниот претседател на Уставниот суд и дел од Европскиот Фронт, Сали Мурати денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 истакна дека ја почитува одлуката на Уставен судот за укинувањето на Балансерот, но не се согласува.

„Сметам дека одлуката за Балансерот е противуставна бидејќи многу е јасна одредбата, амандманот 6 од нашиот Устав – правична и соодветна застапеност е темелен вредност на уставниот поредок“, вели Мурати.

Како што додава, правичната застапеност во Македонија игра голема улога.

„Уставниот суд не е во улога да оценува злоупотребите кои што се јавуваат во јавноста, има органи за тоа. Моментално со таа одлука се повредени членот 8 од Уставот. По мене, се повредува член 6 – јас не сум задоволен од образложението, тоа не доликува правно ни издржливо“, порача Мурати.





TV21

Read Previous

Македонската полиција препознаена како силен партнер која секојдневно придонесува кон глобалната безбедност, посочија од МВР

Read Next

Туркије ја одбележува 2-годишнината од земјотресите на 6 февруари