февруари 5, 2025

Голема полициска акција на Бирото за јавна безбедност: Злоупотребени милионски тендери за сервисирање на полициските возила

Во тек е обемна полициска акција на Бирото за јавна безбедност и претреси во канцеларии на началници и вработени во повеќе организациски единици на Министерството за внатрешни работи.

Акцијата е дел од истрага за наводни злоупотреби поврзани со тендерските постапки за сервисирање на службените возила на полицијата, објави Плусинфо.

Истовремено, претреси биле извршени и во неколку економски оператори, меѓу кои и добро познати автосервиси, кои со години наназад ги одржувале полициските возила.

Според сознанијата на полицијата, постоеле сериозни сомнежи дека во процесот на сервисирање се правеле злоупотреби, при што службените возила останувале неисправни со месеци, а потоа, иако формално биле враќани како поправени, повторно завршувале на сервис.

Дополнително, истрагата дошла до информации дека економските оператори, во соработка со поединци од редовите на МВР, се договарале како да добијат нови тендери во милионски вредности.

Со денешната акција, според истите извори, првпат во историјата на јавните набавки во Македонија е спречен обид за потпишување на нов штетен договор, со што се заштитени буџетските средства на граѓаните.

Skopje1

Read Previous

Ново поскапување на горивата од полноќ

Read Next

Ноќевање во хотелите низ Македонија поскапе за над 20%