јануари 31, 2025

Цената за паркирање во Гостивар се намалува од 40 на 25 денари

Советот на Општина Гостивар на денешната седница со мнозинство гласови ја намали цената за паркирање во Гостивар од 40 денари на 25 денари.

Со оваа одлука е вратена старата цена за паркирање во Гостивар, со што барем малку ќе им се олесни финансискиот товар на граѓаните.

Исто така, со новиот Правилник на Јавното претпријатие за „Јавни паркинзи и зеленило“ се предвидува и намалување на цената за блокирање на непрописно паркираните возила, од 1200 денари на 600.

ZOOM

Read Previous

Елиф Елмас потпиша за Торино, ќе го носи дресот со број 11

Read Next

Марш од „Силбо“ до Собранието: „Фросина е жртва на системот и неказнивоста“