јануари 31, 2025

Марш од „Силбо“ до Собранието: „Фросина е жртва на системот и неказнивоста“

Студентските организации денеска организираа протестен марш од местото на несреќата кај „Силбо“ до Собранието, во чест на 22-годишната Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.

„Фросина е жртва на системот и неказнивоста“, рекоа студентските организации.

Маршот се одржува во знак на протест против институционалната негрижа, барајќи построги санкции за рецидивистите во сообраќајот и итна имплементација на системот „Безбеден град“.

Присутните запалија свеќи во чест на Фросина и испратија јасна порака – никогаш повеќе ваква трагедија!

TV21

Read Previous

Цената за паркирање во Гостивар се намалува од 40 на 25 денари

Read Next

Вучиќ: Ќе се обидеме да формираме нова влада или ќе одиме на избори