Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, сезонава ќе ја доигра во дресот на Торино. Играчот од средниот ред се враќа во италијанската Серија А после една година мината во Германија во дресот на Лајпциг.
Во Торино, Елмас заминува како позајмен играч до крајот на сезоната, а потоа Торино ќе има можност да го откупи за 17 милиони евра ако сака.
Елмас во минатото настапуваше во Наполи, во Фенербахче и во Работнички.
Во Торино ќе го носи дресот со број 11.
TV21