Бојкотот на продавниците во Хрватска ја мобилизираше босанската онлајн заедница да ги праша граѓаните на БиХ за примена на истите граѓански мерки поради високите цени на храната, пишува Klix.ba.
Во анкета објавена на порталот читателите биле прашани дали би се приклучиле на бојкот на продавниците со цел да се намалат маржите на трговците на мало, како и цените на производите во продавниците.
На анкетата, објавена во саботата во 9:30 часот, до 19.30 часот гласале повеќе од 8.600 читатели, а резултатите покажуваат дека 93,79 отсто би поддржале бојкот. 4,11 отсто се изјасниле против, а 2,1 отсто се неопределени.
Alsat