Од вечерва на полноќ ќе има намалување на сите горива.
ЕУРОСУПЕР 95 се намалува аз 1 денар, и од утре ќе се продава по 80 денари. ЕУРОСУПЕР 98 + поевтинува за 1 денар, и ќе изнесува 82 денари по литар.
Се намалува и ЕУРОДИЗЕЛ за 1,5 денари, и од утре ќе се продава по цена од 74,5 денари.
Поевтино ќе се продава и екстралесното масло за домаќинство и тоа за два денари по литар, и од утре ќе биде 73,5 денари.
Малопродажната цена на мазутот ќе изнесува 45,7 денари по килограм, што значи поевтинување за 1 денар.
TV21