Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека оваа недела ќе има биолошка терапија на Онкологија.
-Недостасува само биолошка терапија и тоа само шест-седум дена. Се надевам дека оваа недела Клиниката за онкологија ќе биде снабдена со биолошка терапија. Ние досега сме имале дури повеќе отколку минатите години биолошка терапија. Меѓутоа, побарувањата од пациентите се многу поголеми, затоа веќе имаме протоколи и конзилиум од доктори, бидејќи навистина е луксузна и не треба да се даде баш секаде, туку таму каде што е индицирано и таму каде што лекарскиот конзилиум ќе одлучи дека треба да се даде биолошка терапија. Уште еднаш да повторам – лекови има, не дека недостигаат сите лекови, и во текот на оваа недела повторно ќе има биолошка терапија на Онкологија, изјави Таравари пред настан по повод завршување на проектот за имплементација на Стратегијата за здравство 2021-2030“.
TV21