јануари 26, 2025

МНР бара објаснување за протерувањето на македонски државјанин од Србија

Министерството за надворешни работи изразува загриженост поради протерувањето од Република Србија и забраната за влез од една година на македонски државјанин со регулиран престој во државата, кој според наводите на надлежниот орган на Република Србија, претставува „безбедносна закана“.

Во овој контекст МНРиНТ ќе побара објаснување во поглед на оправданоста на преземените мерки, посебно имајќи го предвид нашето очекување дека истите се во согласност со законските рамки на Република Србија, но и со европските и меѓународни стандарди за човекови права.

Искрено очекуваме дека овој случај ќе биде разрешен на соодветен начин, преку дијалог и со присутна добра волја од двете страни, како и во интерес на задржување на континуитетот во градењето на пријателските и добрососедски односи помеѓу двете земји.

TV21

Read Previous

Мицкоски за реакцијата на Грција: Не знам каде се препознале, дали можеби имаат грижа на совест, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа

Read Next

Барди останува во Турција, ќе игра за Бодрумспор