Премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање што подразбира под поимот македонско прашање со оглед дека стигнаа реакциии од Атина каде го обвинија за ирендтизам тој изрази чудење за тоа од каде тие се препознале во неговите зборови
„Не знам каде се препознале. Дали можеби имаат грижа на совест, па работи потсвеста, Фројд е чудна работа. Но, јас нема да навлегувам во таква дебата“, рече Мицкоски
Тој истакна дека македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е полноправна членка на Европската Унија.
„Второ, вие знаете дека Судот за човекови права има донесено плејада пресуди коишто се однесуваат на човековите права на македонската заедница во нашиот источен сосед, коишто не се почитуваат. Зборуваме за 21 век, зборуваме за земја членка на Европската Унија којашто не ги почитува човековите права на македонската заедница. И тоа е нешто коешто претставува сериозен проблем. Вие гледате дека во 21 век сѐ уште е предизвикан и македонскиот идентитет. Би било неодговорно, несериозно, издајнички од мене ако јас кажам дека македонското прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање сѐ додека ја вршам оваа улога којашто ја вршам, а тоа е претседател на македонската Влада, бидејќи граѓаните тоа го очекуваат од човекот којшто ја предводи македонската Влада“, изјави премиерот Мицкоски.
„Јас знам дека во минатото имало луѓе коишто ја предводеле македонската Влада, коишто македонското прашање воопшто и не им било ни меѓу првите 10 приоритети, но ќе ве молам да се навикнете на Влада во којашто прв приоритет на претседателот на Владата му е македонското прашање“, заклучи Мицкоски.
Skopjeinfo