јануари 26, 2025

Барди останува во Турција, ќе игра за Бодрумспор

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди потпиша со турскиот тим Бодрумспор. Соработката е до крајот на сезоната.

Барди претходно го раскина договорот со Трабзонспор каде помина три сезони во кои постигна 64 гола. Се шпекулираше дека тимови од Шпанија и Хрватска се заинтересирани за неговите услуги, но на крајот реши да остане во Турција.

За капитенот на македонската репрезентација ова ќе биде петти клуб во кариерата, која ја почна во Преспа Бирлик во Шведска. Потоа играше за Ујпешт од Унгарија, а од таму направи трансфер во Ла Лига во Леванте.

Skopjeinfo

Read Previous

МНР бара објаснување за протерувањето на македонски државјанин од Србија

Read Next

Турските невладини организации од Македонија , остварија посети во Анкара