Новата бугарска влада нема да ја смени политиката кон Македонија, ниту ќе има некакво разбирање за билатералниот спор и притисоците за внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Познавачите не се многу оптимисти во однос на новата владејачка гарнитура кај источниот сосед и нивната политика кон Макеоднија.
Дел од нив предвидуваат дека новата Влада на Росен Жељазков кој беше предложен од коалицијата ГЕРБ-СДС нема да биде стабилна и нејзниот мандат нема да трае повеќе од година и пол бидејќи е составена од многу коалиции и партии. Ова е само една од причините зошто бугарската страна нема да го промени ставот во однос на прашањето со Македонија и нивното барање за внесување на Бугарите во Уставот.
Не е само нестабилната бугарска влада причина што не се приближуваме кон решавање на проблемот со Бугарите. Арсовски вели дека Бугарија нема никаков протисок од ЕУ за се реши спорот со Македонија.
На иста линија е и професорот по јавен менанџмент Петар Богојески. Овој заклучок го извлекува бидејќи Црна Гора заработи вето од Хрватска, истиот ден кога новата комесарка за проширување Марта Кос најави дека Унијата ќе се проширува со уште една членка. Според него причините за ветото се небулозни. Хрватите бараат Црна Гора да смени име на базен во Котор. Оттука, очигледно ЕУ, нема политичка волја да стави крај на вакви барања на членките, секогаш кога нив нешто не им одговара, коментира Богојески.
Македонската страна подолго време чека соговорник кај источниот сосед за надминување на бугарската блокада односно, сегашната власт бара да се прифати решението Бугарите да влезат во Уставот кога Македонија ќе стане дел од Унијата.
За омекнување на односите на релација Скопје-Софија, добредојдено ќе биде и имплементирањето на пресудите од Стразбур од страна на Бугарија, кои се однесуваат на правата на Македонците таму.
По повеќе од два месеци од парламентарните избори и по седум изборни циклуси за 4 години, Бугарија конечно формираше Влада која ќе ја раководи Росен Жељазков, Тој го доби мандатот од претседателот Румен Радев, а владиниот кабинет го подржаа од 125 пратеници во Народното собрание.
AlfaMK