јануари 16, 2025

Македонец удрил во Унгарец по вчерашниот натпревар

Македонија вчера одигра нерешено против Унгарија на Светското првенство во Вараждин (27-27) и тоа во натпревар во кој ние бевме поблиску да победиме.

Медиумите од Хрватска денеска информираат дека по натпреварот македонски државјанин учествувал во сообраќајна несреќа.

„На раскрсницата со Источна обиколница, која со сообраќаен знак е означена како коловоз со првенство на минување, влегол на крстосницата без да ги пропушти сите возила кои се движат по тој пат. Поради тоа, предниот лев дел од возилото удрил во предниот десен дел на патничко возило управувано од 59-годишен унгарски државјанин на Источната обиколница“, соопштија од полицијата во Вараждин.

За среќа во несреќата немало повредени, а подоцна било утврдено дека македонскиот државјанин имал 1,13 промили алкохол во крвта.






Sport1 MK

Read Previous

Бугарија доби нова Влада, дали Македонија ќе добие контруктивен соговорник

Read Next

Прекинот на огнот во Газа беше прославен во БИХ