јануари 10, 2025

Тошковски го повика Груби да се врати во Македонија: Пред надлежните органи да ја докаже својата невиност

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска повторно го повика поранешниот вицепремиер Артан Груби да се врати во земјава за да ја докаже својата невисност во однос на обвинувањата дека тој и поранешниот директор Перпарим Бајрами проневериле околу осум милиони евра од Државна лотарија.

„За предметните лица МВР постапи согласно своите надлежности во делот на отпочнување со една кривична постапка. Поднесене е кривична пријава до надлежното ЈО, понатаму процесот се води од стрна на јавниот обвинител. Во однос на тоа дека истите се недостапни на органите на прогон, за жал тоа е така. Но, барем еден од нив изјавуваше дека е невин и дека ова не е согласно закон постапка, која се води од државните институции. За да го докаже тоа, јас по не знам кој пат би го повикал доброволно да се врати во Македонија и при тоа пред органите надлежни за спроведување ваков тип постапки да ја докаже својата невиност заедно со неговиот партнер, кој што исто така е недостапен на органите на прогон, а постојат и тоа како основани сомневања дека истите поприлично душмански го краделе својот народ во изминатите години“, рече Тошковски.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали има нови моменти во однос на потрагата за овие две лица по отворањето на нова канцеларија на Управните служби на МВР во Желино, Тошковски нагласи дека од надлежните институции се работи во насока на нивно откривање, односно распишана е меѓународна потерница и за двете лица.

„Доколку истиот не покаже доблест да се врати во државата која што го ранела повеќе од 40 гондини, ќе се постапи на друг начин за негово обезбедување пред надлежните институции“, рече министерот посочувајќи дека е јасно пропишана постапката за екстрадиција за одредени лица кои се недостапни на законот.

Тој при тоа одби како што вели, да шпекулира каде се наоѓаат овие лица, бидејќи нема официјално потврдени информации до надлежните органи.





Skopjeinfo

Read Previous

Силјановска-Давкова реагираше на коментарите на бугарскиот политичар за анексија на Северна Македонија

Read Next

Камерите во 2025 година ќе бидат целосно во употреба, во моментов се подготвува ново законско решение