Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска од Желино зборуваше и за имплементација на проектот со безбедносните камери.
„За камерите, ако имав време да се посветан во време на техничка влада, досега ќе беа готови. Но, бев посветен на други работи, и ни оставија друг голем проблем со пасошите, и за жал денот има 24 часа, не можевме да се посветиме во делот на микроменаџирање. Но, сега овој проект е на врвот на приоритети. Во текот на 2025 година ќе имаме целосно пуштени камери во употреба, но со целосна имплементација. Ќе треба да промениме и законска легислатива, ќе треба и Судовите да ги подготвиме, и УЈП, и тоа го работиме во моментов, се подготвува ново законско решение и јас сум уверен дека во 2025 година ќе имаме целосна импелментација на овој систем и дека ќе се намалат жртвите од сообраќајни несреќи пред се, а потоа и прекршоците и казните“, рече Тошковски.
На прашање дали ќе бидат казнети граѓаните, Тошковски одговори.
„Ќе бидат казнети оние кои дивеат по улиците, кои возат во алкохолизирана состојба и оние кои наместо 80, возат 200. Тие ќе бидат казнети“, вели Тошковски.
TV21