Делегација на Владата на Србија, предводена од српскиот премиер, Милош Вучевиќ, и претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, пристигна во Бања Лука.
Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина испрати протестна нота до Република Србија по повод присуството на членови на Владата на Република Србија на одбележувањето на 9 Јануари, Денот на Република Српска (РС), кој со одлука на Уставниот суд на Босна и Херцеговина беше прогласен за неуставен.
Како што е наведено за Агенција Анадолу, протестната нота е доставена до Министерството за надворешни работи на Република Србија преку Амбасадата на Босна и Херцеговина во Белград и Амбасадата на Република Србија во Сараево.
Делегација на Владата на Србија, предводена од српскиот премиер, Милош Вучевиќ, и претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, пристигна во Бања Лука на одбележувањето на неуставниот Ден на РС, кој се одбележува на 9 јануари.
Спротивно на одлуките на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој во два наврата го оспори одбележувањето на 9 Јануари како Ден на Република Српска, властите на босанскохерцеговскиот ентитет годинава организираа свечена академија и дефиле низ улиците на Бања Лука по повод неуставниот празник.
AA