јануари 11, 2025

Седницата за интерепелации прекината само што почна

Седницата за интереплации за тројца министри, еден заменик министер и против претседателката на Комисијата за социјална политика, е прекината.

Само што ја најави, претседателот Африм Гаши побара да се пријават сите оние кои бараат збор за измена на дневниот ред на Седницата. Се јави за збор пратеникот Борислав Крмов од Левица, и побара еден час пауза. 

Гаши ја прифати, и седницата ќе продолжи во 13:00 часот.

На седницата требаше да се расправа за интереплации на тројцата министри Изет Меџити, Иван Стоилковиќ и Панче Тошковски, заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, и интерпелација против Илире Даути, претседтелка на Комисијата за социјална политика.

TV21

Read Previous

МНР на БиХ: Протестна нота до Србија поради присуството на делегација на одбележувањето на неуставниот Ден на РС

Read Next

Халкбанк предупредува за обиди за злоупотреба на лични и финансиски податоци