јануари 7, 2025

Мицкоски ќе оди во Вашингтон кога ќе биде инаугурацијата на Трамп

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МИА најави дека на 18 јануари ќе замине за Вашингтон, каде што, како што рече, ќе се сретне со водечките луѓе од администрацијата на САД.

Два дена подоцна ќе се случи инаугурацијата на Доналд Трамп, но нејасно е дали македонскиот премиер ќе присуствува на назначувањето на Трамп за претседател на САД.

„Покрај Брисел, Вашингтон е исклучително значајно место за нас како држава и за нас како Влада. Навистина ќе имам квалитетни средби од тоа што е досега договорено со водечките луѓе од администрацијата во Вашингтон и очекувам да го привлечам вниманието и со поинаква оптика да гледаат кон Балканот. Мораме прво регионално да го привлечеме вниманието, односно оптиката на Вашингтон да гледа кај нас како регион, не како единка во тој регион“, рече Мицкоски.





TV21

Read Previous

Состојбата на ранетите во Цетиње сѐ уште е тешка, почна тридневната жалост во Црна Гора

Read Next

Лимани додели 30.000 денари за првото бебе во 2025 година во Гостивар