јануари 5, 2025

Лимани додели 30.000 денари за првото бебе во 2025 година во Гостивар

Градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска го посети Гинеколошкото одделение во Општата болница „Ферид Мурат“ во Гостивар за да го честита првото бебе кое се роди во 2025 година во Гостивар.

Бебето, здраво девојче со тежина од 3,5 килограми, се роди во 12:40 часот и е во добра здравствена состојба.

„Денес го честитаме првото бебе родено во Гостивар со еден скромен гест, ваучер во вредност од 30.000 денари за првото бебе во Гостивар. Бебето оваа година е девојче и се надевам дека оваа година ќе биде добра и ќе имаме што повеќе новороденчиња“, изјави Лимани.



Skopje1

Read Previous

Мицкоски ќе оди во Вашингтон кога ќе биде инаугурацијата на Трамп

Read Next

Костовски се пофали: Нови 10 милиони денари за училиштата во Бутел