јануари 4, 2025

Градоначалничката Арсовска го посети првото родено бебе во 2025-та

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска го посети првороденото бебе за 2025 година кое се роди на само минута по полноќ на Универзитетската Клиника за Гинекологија и акушерство Скопје.

„На мајката за која ова е прво дете и бебето Јаков во новата година им посакавме многу здравје и радости, со штедна книшка и пригодни подароци. Наша желба за младата Сања Талевска и за целото семејство е заедно да се радуваат на успесите на Јаков во годините кои претстојат“, напиша Арсовска.

TV21

Read Previous

Газпром ја прекина испораката на гас за Европа преку Украина

Read Next

Србија: Граѓаните на Нови Сад со мирен собир одбележаа два месеца од трагедијата на Железничката станица