јануари 6, 2025

Газпром ја прекина испораката на гас за Европа преку Украина

Рускиот енергетски гигант објави дека поради одбивањето на Украина да ги продолжи договорите, тие се лишени од техничката и правната можност да испорачаат гас преку украинска територија

Рускиот енергетски гигант Газпром првиот ден од Новата година објави дека е прекината испораката на природен гас за Европа преку Украина, јавува Анадолу.

„Поради постојаното и експлицитно одбивање на украинската страна да ги продолжи договорите, Газпром е лишен од техничка и правната можност да испорачува гас преку територијата на Украина почнувајќи од 1. јануари 2025 година“, се вели во соопштението на Газпром на социјалната мрежа Телеграм.

Во објавата се додава дека се истечени договорите потпишани на 30 декември 2019 година меѓу Газпром и украинската енергетска компанија Нафтогас за транспорт на руски гас преку Украина.

AA

Read Previous

Стотици илјади луѓе се собраа во Истанбул првиот ден од Нова година за поддршка на Палестина

Read Next

Градоначалничката Арсовска го посети првото родено бебе во 2025-та