јануари 4, 2025

Србија: Граѓаните на Нови Сад со мирен собир одбележаа два месеца од трагедијата на Железничката станица

Настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се урна неколку месеци по свеченото отворање, по тригодишна нејзина обнова. Петнаесет лица загинаа, а две лица беа повредени.

Студенти и граѓани на Нови Сад денеска се собраа на раскрсницата кај Железничката станица и ја блокираа со 15-минутно молчење одбележувајќи два месеци од трагичниот настан во кој загинаа 15 лица, јавува Анадолу.

За разлика од синоќешниот собир, студентски говори немаше, а граѓаните се собраа и се разотидоа во тишина.

Во подрачјето на протестот беше блокиран сообраќајот, а собирот помина без инциденти.

Студентите во тишина ја дочекаа и Новата година и се вратија на факултетите каде продолжуваат со блокадата до исполнување на нивните барања.

Настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се урна неколку месеци по свеченото отворање, по тригодишна нејзина обнова. Петнаесет лица загинаа, а две лица беа повредени. По трагедијата, Вишото јавно обвинителство во Нови Сад поднесе обвинителен акт против поранешниот министер Горан Весиќ и уште 12 лица.

AA

Read Previous

Градоначалничката Арсовска го посети првото родено бебе во 2025-та

Read Next

Воспитувачка се однесувала насилно кон дете во приватна градинка во Охрид