март 31, 2025

Во вторник Владата ќе донесе одлука за доделување средства на ЈСП, за бесплатен превоз на студентите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска информираше дека во вторник на владина седница ќе биде донесена одлука за доделување на средства на ЈСП за бесплатен превоз на студентите.

„Средствата се обезбедени во рамките на Буџетот на Министерството за образование и наука за следната година и на редовната владина седница во вторник на 31 декември, ќе донесеме откако веќе се исконсултирав со министерката, ќе донесеме одлука. Да се потпише договор за да можат тие средства веднаш да бидат префрлени на Јавното сообраќајно претпријатие, бидејќи сесијата започнува во јануари, да може студентите беспрекорно да користат го јавниот превоз во градот Скопје“, изјави премиерот.




Skopjeinfo

Read Previous

Во грчките пристаништа ветерот го запре поморскиот сообраќај – транспортот до многу острови е невозможен

Read Next

Претседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2024 година