декември 28, 2024

Во грчките пристаништа ветерот го запре поморскиот сообраќај – транспортот до многу острови е невозможен

Поморскиот сообраќај во многу пристаништа во Грција е во прекин поради силниот ветер.

Според грчката државна телевизија ЕРТ, поради силните ветрови на Егејското Море, воведена е забрана за пловидба во многу пристаништа меѓу кои Пиреја, Лаврио, Рафина, Волос и Кавала.

Поради забраната значително е во прекин поморскиот сообраќај во целата земја, а транспортот до многу острови во моментов не е можен, пренесуваат медиумите.

Според податоците на грчката метеоролошка служба, се проценува дека брзината на ветерот во регионот денеска ќе се зголеми, што значи дека би можел да достигне ниво на брзина на урагански ветер од 89 до 102 километри на час.




ZOOM

Read Previous

Министерството за труд и социјална политика заедно со скопските градоначалници поделија 400 пакетчиња на дечиња од ранливите категории

Read Next

Во вторник Владата ќе донесе одлука за доделување средства на ЈСП, за бесплатен превоз на студентите