Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски преку социјалните мрежи информираше дека заедно со скопските градоначалници поделиле 400 пакетчиња на дечиња од различни социјални категории. Оваа акција се одвива под мотото „За секое дете социјална инклузија“.
„Под мотото „За секое дете социјална инклузија“, присуствував на незаборавен настан за најмладите на „Зимзоленд“, со поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади, неколку невладини организации и соработка со повеќе скопски градоначалници.
Преку 400 дечиња од различни социјални категории, меѓу кои деца со попреченост, деца на улица, деца од згрижувачки семејства и деца без родители и родителска грижа, се собраа заедно да го прослават овој посебен ден.
Благодарение на општествено одговорните компании како Титан Усје и Специјал, секое дете доби пакетче полно љубов и внимание. Настанот беше исполнет со различни активности кои ги поттикнаа децата да се дружат и забавуваат.
Нашата заедничка заложба останува: да создадеме инклузивно општество каде секое дете ќе биде ценето, прифатено и среќно.
Овој настан е само еден чекор кон постигнување на таа цел, и се надеваме дека ќе инспирира многу други иницијативи во иднина“, напиша Велковски.
Skopjeinfo