Иако предизвика проблеми во сообраќајот, снегот донесе идилични сцени на сараевските улици кои многу граѓани ги искористија за прошетка и одмор, а на снегот особено се израдуваа најмалите
Снегот кој интензивно паѓаше во последните денови низ Босна и Херцеговина ги побеле и улиците на главниот град Сараево, јавува Анадолу.
Иако предизвика проблеми во сообраќајот, снегот донесе идилични сцени на сараевските улици кои многу граѓани ги искористија за прошетка и одмор, а на снегот особено се израдуваа најмалите.
Фоторепортерот на Анадолу сними особено убави сцени во Башчаршија, историскиот и културен центар на градот.
Според податоците на Федералниот хидрометеоролошки завод (FHMZ), во БиХ во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време со делумно разведрување.
В петок се очекува постепено разведрување во Босна, а во Херцеговина претежно сончево време.
AA