декември 27, 2024

Турскиот министер за трговија Болат во посета на Северна Македонија, се сретна со министерот Муцунски

За време на нашиот состанок се договоривме да го прошириме опсегот на постојниот Договор за слободна трговија. Сакаме да го зголемиме обемот на билатералната трговија и заемните инвестиции со Северна Македонија.

Министерот за трговија на Туркије, Омер Болат, во Скопје се сретна со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски, јавува Анадолу.

Министерот Болат, кој денес престојува во Скопје за да учествува на Бизнис-форумот Туркије-Северна Македонија и на официјални средби, ја оствари првата средба со министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Муцунски.

Во објавата на својот профил на X по состанокот Болат истакна: „За време на нашиот состанок се договоривме да го прошириме опсегот на постојниот Договор за слободна трговија. Сакаме да го зголемиме обемот на билатералната трговија и заемните инвестиции со Северна Македонија, која ја гледаме како еден од нашите важни партнери на Балканот.“

„Во овој контекст, нашите градежни компании, кои имаат значително меѓународно искуство, се подготвени да учествуваат во инфраструктурни и развојни проекти поврзани со Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Туркије, исто така, е подготвена да ја продлабочи соработката со Северна Македонија во области, како што се одбранбената индустрија, дигитализацијата во царината и областите што тесно се поврзани со нашиот деловен свет“, напиша тој.

По тет-а-тет средбата на Болат и Муцунски се реализира и средба и меѓу делегациите.

AA

Read Previous

Сиљановска-Давкова: „Стабилноста на европскиот континент зависи и од Истокот, вклучително и Западен Балкан“

Read Next

Турскиот министер за трговија Болат пречекан од премиерот Мицкоски