Денес, Советот на општина Гази Баба оддржа редовна седница на која го усвои буџетот за 2025 година.
– Почитувани граѓани, Со задоволство сакам да Ве информирам дека на денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба донесе буџетот на општина Гази Баба за 2025 година. Овој буџет е реален приказ на Вашите барања и решение на многу Ваши проблеми кои ги нотиравме при процесот на неговото креирање заедно со Вас граѓаните. Следува брз развој на општина Гази Баба! – порача градоначалникот на општината Бобан Стефковски.
Со буџетот за 2025 година се определуваат средства за:
Изградба на нова детска градинка во Инџиково;
Комплетна реконструкција на културниот дом во Ченто;
Завршување на изградбата на новата детска градинка во Трубарево; Асфалтирање на повеќе од 40 локални улици;
Реализација на последната фаза од изградбата на фекална канализација во Гоце Делчев и Чукур Маало, Трубарево;
Реализација на нов модул од фекалната канализција во Јурумлери;
Изградба на нови детски катчиња;
Изградба на нови спортски терени;
Изградба на нови фитнес зони;
Изградба на нови паркови и плоштади; Изградба на подземни контејнери;
Финансиска поддршка за граѓаните за реконструкција на лифтови;
Финансиска поддршка за граѓаните за реконструкција на кровови на станбени згради и индивидуални домаќинства во социјален ризик;
Субвенции за граѓаните за набавка на инвертер клима уреди; Субвенции за граѓаните за набавка и вградување на сончеви колектори;
Субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди;
Субвенции за граѓаните за набавка на печки на пелети;
Субвенции за граѓаните за вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата;
Субвенции за граѓаните за чистење на оџаци во домаќинствата;
Субвенции за граѓаните за стерилизација на домашни миленици;
Стипенции за талентираните ученици;
Стипендии за учениците спортисти;
Стипендии за учениците со посебни образовни потреби;
Бесплатни униформи за сите ученици;
Субвенционирање на учениците за зимски камп;
Субвенционирање на учениците за летен камп;
Финансиска поддршка за проекти на невладини организација и здруженија на граѓани;
Финансиска поддршка за спортските клубови, здруженија и индивидуални спортисти;
Имплементација на проектот “Итно копче” со Црвениот крст на Град Скопје;
Имплементација на проектот “Посебен превоз за стари лица и лица со попреченост”;
Финансиска поддршка за секое новороденче;
Финансиска поддршка за секое прваче;
Еднократна парична помош на лекување и помош при пожар на граѓаните;
Реализација на голем број културни настани;
Поддршка во функционирањето и развојот на ЈКП Гази Баба преку набавка на нова механизација;
Покачување на платите на сезонските работници во ЈКП Гази Баба;
Обезбедување на нова опрема за ЈКП Гази Баба.
– Сакам најнапред да се заблагодарам на граѓаните на општина Гази Баба кои земаа активно учество во креирањето на буџетот за 2025 година. Им благодарам и на претседателот и членовите на Советот кои дадоа поддршка за неговото донесување, а со тоа станаа дел од развојот на општината. Не очекува година во која ќе се реализираат голем број на проекти со кои ќе ја направиме општина Гази Баба подобро место за живеење, порача градоначалникот Стефковски.
Skopjeinfo