декември 26, 2024

Патнички авион се урна во Казахстан има преживеани патници

Авион на Азербејџанската компанија „Азербејџан ерлајнс“ се урна во близина на градот Актау во Казахстан.

Авионот летал од Баку до Грозни, и побарал итно слетување поради проблеми, по што се урнал непосредно пред слетувањето во Актау. Неофицијално, се појавил дим во кабината.

Летот полетал од Баку кон Грозни, но бил пренасочен кон Актау. Авионот го обиколил аеродромот неколку пати пред да се урне во близина на пистата.

Казахстанското министерство за вонредни ситуации го потврди инцидентот.

На летот имало 72 лица, 67 патници и пет членови на екипажот. Бројот на жртви не е потврден, но има најави дека има преживани, но информацијата официјално не е потврдена. На социјалните мрежи се појавија снимки од тоа како извлекуваат живи патници со повреди. На лице место се екипи на полиција и итна помош. Според неофицијалните информации, 25 лица го преживеале падот.

Авионот побарал итно слетување пред падот, но нема информации зошто било тоа барање.

Властите во моментов собираат информации за утврдување на причините за несреќата.




ТV21

Read Previous

Ноќеска фрлени 45 тони сол на булеварите и улиците низ Скопје

Read Next

Донесен буџетот за 2025 година – Следува брз развој за Гази Баба, најави градоначалникот Стефковски