март 31, 2025

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова до Турците во земјата по повод 21 Декември

 21 Декември во Северна Македонија се празнува како Ден на наставата на турски јазик, празник на турската заедница во земјата

Претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, упати честитка до Турците во земјата по повод одбележувањето на 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, известува Анадолу.

21 Декември во Северна Македонија се празнува како Ден на наставата на турски јазик, празник на турската заедница во земјата. Претседателката Сиљановска-Давкова по тој повод упати честитка до Турците во Северна Македонија во која наведе:

„Почитувани сограѓани Турци,

Во богатото ткаење на нашата татковина, турската заедница е сјајна нишка која го облагородува мозаикот на заедничкото живеење придонесувајќи за зајакнување на меѓусебното разбирање и хармонија.

На 21 декември 1944 година, првпат се разлеа гласот на наставата на турски јазик во просториите на училиштето ‘Тефејуз’.

Денот на наставата на турски јазик го отелотворува правото на секој народ да го негува мајчиниот јазик како дел од националниот и културниот идентитет. Турскиот јазик и култура се скапоцен дел од македонската мултикултурна ризница и сведоштво за вековната симбиоза и соживот меѓу народите.“

Претседателката Сиљановска-Давкова во честитката наведе дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и движечката сила што ги димензионира дострелите на науката, ја обликува културата и ја поттикнува мудроста на народите.

На крајот на честитката претседателката истакна:

„Овој празник нека ве поттикне на уште поголеми успеси во зачувувањето и во развојот на вашиот јазик, култура и традиција, а наставата на турски јазик нека продолжи да ги отсликува вредностите на знаењето, толеранцијата и почитувањето во нашето заедничко живеење.

Честит 21 Декември, Денот на наставата на турски јазик!

Гордана Сиљановска-Давкова“





AA

Read Previous

Во Скопје се одржа симпозиум на тема „Турскиот јазик и култура на Балканот“

Read Next

Институтот за јавно здравје издаде важни препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето