Потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, на средбата нагласил дека Северна Македонија е многу значајна земја за Туркије и поради тоа го поддржуваат развојот на сите општествени сегменти, вложувајќи во одржливи проекти.
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес оствари средба со потпретседателот на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, Махмут Чевик, пренесува Анадолу.
Според соопштението на Собранието, на средбата Гаши изразил благодарност за широкиот спектар на активности што се спроведени од ТИКА во Република Северна Македонија, која долги години е ангажирана во земјава и има реализирано над 1000 проекти во различни полиња.
„Претседателот на Собранието ја поздрави досегашната соработката со Туркије во повеќе области на безбедноста и изрази подготвеност за зајакнување на истата“, се наведува во соопштението.
Потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, на средбата нагласил дека Северна Македонија е многу значајна земја за Туркије и поради тоа го поддржуваат развојот на сите општествени сегменти, вложувајќи во одржливи проекти.
На средбата се разменети мислења и за можноста за реализација на идни проекти на ТИКА во земјата, кои „несомнено ќе придонесат за зајакнување на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије“, се вели во соопштението.
Соговорниците изразиле уверување и надеж дека и во иднина ќе продолжи успешната соработка меѓу ТИКА и Република Северна Македонија.
AA