декември 24, 2024

Студентски отпор: Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците

Од Студентски отпор велат Министерството за образование и наука и ЈСП Скопје да бидат свесни дека студентите нема да молчат додека нивното право на бесплатен јавен превоз се гази поради нечија неспособност и суетност!

„Укинувањето на бесплатниот превоз е директен напад врз секој студент кој секојдневно се бори со нискиот студентски стандард и високите трошоци. Неуспехот на МОН да го исплати долгот е уште еден доказ дека оваа власт нема капацитет да ги решава вистинските проблеми на младите.

Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците! Нема да дозволиме образованието и пристапот до него да бидат жртва на некадарноста на властите. Борбата почнува сега!“, велат од таму

TV21

Read Previous

Главчев: Ставот на Бугарија е непроменет, Северна Македонија треба да ја намали острината на говорот

Read Next

Од 01.01.2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК