Премиерот на техничката влада на Бугарија, Димитар Главчев, разговарал со Христијан Мицкоски за време на самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел, јавува БТА.
Тој по средбата се обрати на медиумите и кажа дека ставот на Бугарија кон Македонија останува непроменет.
„Ставот на Бугарија останува непроменет. Треба да се намали острината на говорот од страна на Северна Македонија. Да почнеме со добриот европски тон кој треба да се применува меѓу земја членка на ЕУ и земја кандидат“, рече Главчев.
TV21