декември 12, 2024

ЈСП во катастрофална ситуација, триесетина автобуси денес останаа паркирани поради немање метан

Продолжува катстрофалната ситуација во Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје. Потпретседателот на синдикалната организација при ЈСП, генерален секретар на „Спајс“, Меџит Идризи за МИА вели дека триесетина автобуси денеска не сообраќаат поради немање метан.

Идризи, кој работи во ЈСП, појасни дека разбрал од колегите дека се повлекуваат во гаража, бидејќи немале метан. Според неговите информации проблемот бил во тоа што јавното претпријатие немало платено за метан.

„Се случувало, додаде, во текот на денот, странци да не можат да отидат да ја посетат Матка“.

Идризи се осврна и околу неизвесноста околу тоа дали ќе се исплати плата до законскиот рок – 15 декември, нагласувајќи дека вработените ги фаќа паника и му се обраќаат, особено тие кои имаат кредити за плаќање.

Тој во изјава за МИА јавно повика да се решат состојбите што траат со месеци и да има и редовни плати и редовни автобуски линии.

Skopjeinfo

Read Previous

Град Скопје лидер меѓу општините во плаќање адвокати: Данела само лани им исплатила 214 илјади евра, покажува истражување

Read Next

Груби вели дека е чист ко солза – Давкова: Се израдував, црната листа е силен допрен глас