декември 11, 2024

Фидан: Туркије ќе ги процени условите во Сирија поради повторното отворање на нејзината амбасада

Туркије ќе ги процени условите во Сирија поради повторното отворање на нејзината амбасада таму, изјави денес министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, пред новинарите во главниот град Анкара

Туркије ќе ги процени условите во Сирија поради повторното отворање на нејзината амбасада таму, изјави денес министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, пред новинарите во главниот град Анкара, јавува Анадолу.

За израелската агресија во Сирија и намерите по падот на режимот на Башар ал Асад, Фидан рече дека Тел Авив „сака да ја направи неупотреблива сета опрема во рацете на сегашната (сириска) администрација“.

Израелската Армија започна воздушни напади врз најмалку 250 цели низ Сирија по падот на режимот, според израелското армиско радио.

Турското Министерство за надворешни работи денес го осуди Израел за прекршување на Договорот за раздружување од 1974 година со напредувањето на сириска територија за време на викендот.

AA

Read Previous

ТИКА го обнови здравствениот центар во Албанија кој служи на 4.000 луѓе