Поранешниот министер за Надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денес истакна дека ова не е стража само на јазикот, туку: „Ова е стража за мултиетничка Северна Македонија; функционална, европска, мултиетничка демократија“
Европскиот фронт, предводен од опозициската партија Демократска унија за интеграција (ДУИ), вчера започна „стража за јазикот“ поставувајќи шатор пред зградата на Уставен суд во Скопје, јавува Анадолу.
Членови и симпатизери на опозицијата планираат да останат овде до среда, кога судиите на Уставниот суд треба да расправаат за Законот за јазиците.
Законот за јазиците беше оспорен пред Уставниот суд со 12 иницијативи уште пред неколку години, при што членовите на Европскиот фронт се сомневаат дека сега се подготвува укинување на овој закон и според нив, со тоа се руши и Охридскиот мировен договор.
Поранешниот министер за Надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, денес истакна дека ова не е стража само на јазикот, туку: „Ова е стража за мултиетничка Северна Македонија; функционална, европска, мултиетничка демократија“, додавајќи дека оваа кауза не е само за Албанците.
Тој го обвини Уставниот суд дека спроведува партиска програма, додавајќи дека власта ги злоупотребува етничките емоции за постигнување на политички поени.
Османи истакна дека протестите ќе бидат мирни и дека целта е подигнување на свеста за последиците од можната одлука за укинување на Законот за јазиците.
Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека опозицијата ја злоупотребува темата на етничките заедници.
„Ги молам сите граѓани да бидат спокојни“, истакна премиерот Мицкоски.
AA