декември 27, 2024

Поддршка во опрема од ТИКА за сточарите во Северна Македонија

ТИКА – Скопје обезбеди опрема за сточарите за подобрување на производството на млеко во регионите Лозово, Штип, Карбинци, Радовиш, Конче, Василево, Валандова, Демир Капија, Градско, Ресен, Пласница, Гостивар и Центар Жупа.

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) – Скопје обезбеди опрема за поддршка на сточарите во Северна Македонија за подобрување на производството на млеко, известува Анадолу.

Во соопштението на ТИКА, се наведува дека продолжуваат нивните напори за поддршка на семејствата кои се занимаваат со земјоделство и сточарство во руралните региони на Северна Македонија.

Во тие рамки, обезбедена е поддршка во опрема за сточарите за подобрување на производството на млеко во регионите Лозово, Штип, Карбинци, Радовиш, Конче, Василево, Валандова, Демир Капија, Градско, Ресен, Пласница, Гостивар и Центар Жупа.

Од ТИКА информираат дека обезбедиле машини за молзење, контејнери за транспорт на млеко и хигиенски материјали за 90 семејства сточари кои за живот заработуваат од земјоделство и сточарството.

На церемонијата на доделување на опремата присуствуваа координаторката на ТИКА – Скопје, Февзије Шејма Бабајигит, луѓето кои се занимаваат со земјоделство и сточарство и локалното население.

Говорејќи на церемонијата, координаторката Бабајигит изјави дека Канцеларијата за координација на програмите на ТИКА – Скопје од 2005 година спроведува проекти во многу подрачја во различни региони на Северна Македонија, особено на полето на земјоделството и сточарството.

Во своето обраќање на церемонијата на доделување на опремата, координаторката Бабајигит истакна:

„Со нашите проекти за населението кое живее во руралните средини, сакаме на овие семејствата да им овозможиме да ги користат млечните производи што сами ги произведуваат и со пласирање на производите на локалниот пазар да дадат придонес во семејната економија. На тој начин ние го поддржуваме и развојот на руралните средини“.

Земјоделците кои ја добија опремата го истакнаа своето задоволство од спроведениот проект и изразија благодарност до Туркије и ТИКА.

Проектот има за цел да го зголеми нивото на приходи на семејствата сточари во руралните подрачја со зајакнување на нивните инфраструктурни и технички капацитети, и спречување на миграцијата од селата, со поддршка за квалитетно производство на храна.




AA

Read Previous

„ДУИ и СДС организираат протест пред Уставен суд, за да не завршат во друг суд“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Read Next

Европскиот фронт на „стража за јазикот“ пред Уставниот суд во Скопје