ноември 29, 2024

Ердоган: „Ќе ја продолжиме нашата борба сѐ додека не се формира независна палестинска држава“

Претседателот Ердоган рече дека најновите случувања во Појасот Газа и окупираните палестински територии од 7 октомври 2023 година уште еднаш ја покажале критичната важност на единството и солидарноста на исламските народи.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ја истакна важноста од единство и заедничка акција на исламските земји како одговор на тековниот напад на Израел врз Газа, јавува Анадолу.

Претседателот Ердоган рече дека најновите случувања во Појасот Газа и окупираните палестински територии од 7 октомври 2023 година уште еднаш ја покажале критичната важност на единството и солидарноста на исламските народи.

Тој ги даде овие изјави во видеопораката до Меѓународниот хуманитарен самит „Иднината на Газа“, кој беше организиран во Истанбул од турската фондација „Дијанет“ и фондацијата „Ал Каир“.

„Речиси 50.000 наши сестри и браќа Палестинци, повеќето деца и жени, се убиени пред очите на светот“, рече тој, додавајќи: „Како резултат на израелските бомбардирања, директно насочени кон цивилите, над 100.000 невини Палестинци се повредени.“

Тој изрази жалење што израелските напади врз Либан резултираа со над 3.500 смртни случаи и дека „местата за богослужба, училиштата, болниците и цивилната инфраструктура беа цел на нападите од Израел“.

„Туркије пред овие напади се солидаризира со нашите браќа и сестри Палестинци“, вели тој.

„Во текот на изминатата година особено се обидовме да им подадеме рака за помош на нашите сестри и браќа во Газа и во Либан“, истакна Ердоган, потсетувајќи: „Со испорачани над 86.000 тони помош ние сме меѓу земјите што ѝ даваат најголема поддршка на Палестина.“

Тој посочи дека помошта испорачана во Либан надминала 1.300 тони, додавајќи: „Продолжуваме со нашите дипломатски напори да обезбедиме исламските земји да одговорат колективно на угнетувањето во Газа и да дејствуваат заедно.“

„Нашата борба ќе продолжи сѐ додека не дојде крај на окупацијата и масакрите во Палестина и не се воспостави независна, суверена и територијално обединета палестинска држава, со источен Ерусалим како главен град, врз основа на границите од 1967 година“, истакна тој, изразувајќи го своето верување дека „меѓународниот самит за хуманитарна помош ќе нѐ поддржи во оваа борба“.

Израел започна геноцидна војна во Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас во октомври минатата година. Во израелските напади убиени се над 44.300 палестинци, повеќето жени и деца, а повредени се речиси 104.900.

Втората година од геноцидот во Газа наиде на зголемена меѓународна осуда, при што официјални лица и институции ги означија нападите и блокирањето на испораката на помош како намерен обид за уништување на населението.

Минатата недела Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата смртоносна војна против Газа.




AA

Read Previous

Драма на небото над Србија: Авион се судри со јато птици, следувало итно приземјување