ноември 28, 2024

Дурмиши: Подготовката за новогодишната кошничка е при крај, од март зголемување на минимална плата

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, најави дека од март следната година ќе се се зголемува минималната плата. Преку оваа одлука тој најави дека се залага за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Дурмиши најави дека во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, како што најави, ќе се расправа за зголемувањето на минималната плата.

Дурмиши најави дека постојано е во контакт со стопанските комори, синдикатите, трговците и производителите.

„Во март според законот ќе се направат пресметки и ќе се види колку ќе биде минималната плата. Во буџетот се предвидени средства за покачување на минималната плата, но колку ќе биде ќе видиме во јануари и февруари. Граѓаните ќе бидат известени следната недела. Подготовката за новогодишната кошничка е при крај, со оваа мерка се планирани да бидат опфатени повеќе од 600 производи, но повеќе детали ќе ви дадеме следната недела бидејќи се планира кошницата да биде објавена некаде во четврток или петок“, рече Дурмиши.





TV21

Read Previous

Герасимовски: 100 семејства добија по 7.000 денари за новороденче

Read Next

Прва во светот, Австралија усвои закон со кој на децата им се забранува користењето социјални мрежи