„Окупаторските израелски сили извршија три нови масакри во Појасот Газа во изминатите 24 часа, во кои се убиени 33 лица, а 134 се повредени“, се вели во соопштението на Министерството за здравство во Газа
Во израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 24 часа се убиени уште најмалку 33 Палестинци, со што бројот на загинати од 7 октомври минатата година се зголеми на 44.282, јавува Анадолу.
Министерството за здравство во Газа објави извештај за билансот на страдањата во изминатите 418 дена од нападите извршени од Израел врз блокираниот Појас Газа.
„Окупаторските израелски сили извршија три нови масакри во Појасот Газа во изминатите 24 часа, во кои се убиени 33 лица, а 134 се повредени“, се вели во соопштението.
Бројот на убиени Палестинци од почетокот на израелските напади се зголеми на 44.282, а бројот на повредени на 104.880.
Во соопштението се наведува дека голем број жртви сѐ уште се заробени под урнатините бидејќи спасувачките тимови не можат да вршат операции за пребарување и спасување поради континуираните израелски напади.
AA