ноември 20, 2024

Судир на пратениците и советниците со полицијата пред судот и обвинителството во Нови Сад

Во турканицата на пратениците и советниците со полицијата што се случи уште во раните утрински часови, неколку пратеници се пробиле внатре во Судската палата каде се наоѓаат силни и бројни сили на жандармеријата.

Пратениците и советниците од опозицијата утринава околу 7:30 часот се собраа пред судот и обвинителството во Нови Сад, Србија, и се судрија со силните полициски сили, во обид да ја блокираат работата на овие правосудни институции, од чија работа не се задоволни по уривањето на натстрешницата на железничката станица, во кое загинаа 15 лица, а двајца се тешко повредени, известува Анадолу.

Стотина пратеници и советници на опозицијата од Нови Сад, Белград и други места на Србија ова утро застанаа пред главниот влез во новосадската „Палата на правдата“, каде што се наоѓаат судовите и обвинителствата, но интервенирале полицајците кои со штитовите се обиделе да ги оттурнат опозиционерите подалеку од влезот.

Во турканицата на пратениците и советниците со полицијата, неколку пратеници се пробиле внатре во Судската палата каде се наоѓаат силни и бројни сили на жандармеријата.

Опозицијата бара итно ослободување на сите, како што тврдат, неправедно приведени лица по граѓанските протести во Нови Сад на 5 ноември, и идентификување и кривично гонење на сите одговорни за уривањето на натстрешницата на зградата на Железничката станица што се случи на 1 ноември и што усмрти 15 лица, бидејќи досега никој не е приведен поради таа трагедија.

Вчера шест часа траеше блокада на судот и обвинителството од пратениците и советниците од опозицијата.




AA

Read Previous

Муцунски ќе учествува на состанок на министрите за надворешни работи на ЦЕИ во Тирана

Read Next

Лога: Никој не можеше да поверува дека Македонија ќе биде членка на НАТО , а уште помалку дека наша сограѓанка ќе биде на чело на истата