Туркије планира изградба на уште две нуклеарни централи, покрај првата во земјата „Акују“, која е во изградба во турската област Мерсин на брегот на Средоземното Море
Туркије е меѓу земјите што ја поддржуваат Декларацијата за тројно зголемување на глобалниот капацитет за нуклеарна енергија до 2050 година на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени КОП29 во Баку, објави вчера турскиот министер за енергетика и природни ресурси, јавува Анадолу.
Со вклучувањето на Туркије вкупниот број земји што ја ратификуваа Декларацијата достигна 31, сподели Алпарслан Бајрактар на социјалната мрежа X.
„Веруваме дека до 2050 година ќе придонесеме за целта нето-нулта емисија со пуштање во употреба на 20.000 мегавати нуклеарен инсталиран капацитет“, додаде Бајрактар.
Светското нуклеарно здружение претходно во средата соопшти дека уште шест земји ја поддржале Декларацијата за тројно зголемување на нуклеарната енергија.
Ел Салвадор, Казахстан, Кенија, Косово и Нигерија се земјите што ја поддржаа Декларацијата.
Историската Декларација за тројна нуклеарна енергија беше потпишана на Конференцијата на ОН за климатски промени КОПP28 во Дубаи минатата година.
Декларацијата ја поддржуваат Ерменија, Бугарија, Канада, Хрватска, Чешка, Финска, Франција, Гана, Унгарија, Јамајка, Јапонија, Кореја, Молдавија, Монголија, Мароко, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шведска, Украина, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија и САД.
Во согласност со Декларацијата, Туркије планира изградба на уште две нуклеарни централи, покрај првата во земјата „Акују“, која е во изградба во турската област Мерсин на брегот на Средоземното Море.
AA