ноември 21, 2024

Мицкоски: Ако загубиме на следните локални избори, може да имаме предвремени парламентарни избори

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно зборуваше за можноста за да се случат предвремени парламентарни избори заедно со локалните во 2025 година.

Ова вчера повторно го актуелизираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој кажа дека го држи Мицкоски за збор за предвремени парлемантарни избори во 2025 година. 

Мицкоски рече дека граѓаните не сакале избори, и дека доколку ги изгубат локалните, тогаш ќе ја сфатат пораката и може да се распишат и предвремени парламентарни избори.

„Граѓаните не сакаат предвремени избори. Ме среќаваат минувачи и самите ми кажуваат дека повторно ќе гласаат за нас, и велат да не трошиме пари за предвремени парламентарни избори, рече Мицкоски и додаде: 

„Разбирам дека некои од опозициските ќе привлечат внимание. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена секогаш, еве и денеска е подговена за избори. Имаме локални избори и граѓаните ќе кажат дали се потребни парламентарни или не. А ако загубиме и ако речат дека се потребни, можеме да организираме парламентарни. Ако граѓаните гласаат за градоначалниците на СДСМ и на ДУИ, јасна е пораката, и ние нема да ја игнорираме пораката како што тоа го правеа тие во минатото“, рече Мицкоски.  

TV21

Read Previous

Минување на црвено светло, непрописно паркирање и возење со поголема брзина од препорачаната ќе бидат регистрирани со „Сејф сити“, најави Тошковски

Read Next

Туркије им се придружува на земјите што ја поддржуваат Декларацијата за тројно зголемување на нуклеарната енергија