ноември 21, 2024

Ненавремено доставување на пратките, долгови, неправилности со фактурите и тендерите, констатира ревизорскиот извештај за „Пошта“

Од ДЗР информираа дека со извршената ревизија утврдено е дека постојаните загуби во работењето влијаат на навремената достава и квалитетот на услугата, а недостатокот на точни, веродостојни, целосни и усогласени евиденции за земјиштето и градежните објекти влијае на реалното и објективно прикажување на податоците во трговските книги.

Утврдени се неправилности во начинот на генерирање на излезните фактури, како и тешкотии во потврдувањето на точноста и целосноста на остварените приходите по основ на услуги од поштенски сообраќај. Несоодветно пропишаните сметководствени политики за опремата, залихите и побарувањата влијаат на реалното и објективно проценување на позициите во финансиските извештаи и финансискиот резултат од работењето. Се констатира и дека не е извршено правилно разграничување на дел од трансакциите во соодветната година, поради што во годината предмет на ревизија искажани се повеќе трошоци и приходи.

„Не се врши резервирање на трошоците за отпремнина и јубилејна награда во временскиот период кога настанале, што влијае врз реално и објективно прикажување на состојбата на обврските и расходите во финансиските извештаи. Не е извршен ниту точен упис на вредноста на основната главнина на друштвото во Централниот регистар на Република Северна Македонија и Централен депозитар за хартии од вредност“, утврдија ревизорите.

ДЗР известува за неповолната финансиска положба во која се наоѓа друштвото почнувајќи од 2017 година, при што во континуитет остварува загуби од работењето. Истовремено, ја истакнуваат неговата задолженост со заеми, кредити и пресметани камати по тој основ, што дополнително ја влошуваат финансиска состојба и ја нарушува ликвидноста.

Од ДЗР велат и дека утврдени се слабости во актот за систематизација на друштвото, како и ненавремена достава на пратки во поштенскиот сообраќај, односно, само 59,7 отсто од пратките биле доставени навремено, што е далеку под пропишаните стандарди.

„Во 2023 година, 59,7 отсто од пратките биле доставени во првиот ден, додека 30,5 отсто биле доставени во период подолг од три дена. Овие резултати укажуваат на отстапување од поставените цели од Светскиот поштенски сојуз, кој пропишува минимален стандард од 75 отсто и максимален стандард од 88 отсто за успешно и навремено доставени пратки“, се вели во извештајот на ревизорите.

800x327.jpg

Истражување за задоволството на корисниците

Се наведува дека не е воспоставено посебно сметководство за утврдување на нето трошоците што настанале со обезбедување на универзалната услуга, поради што не се обезбедени основните услови за финансирање од Компензацискиот фонд со кој управува Агенцијата за пошти. Утврдено е надминување на законски дозволениот годишен износ за набавки на стоки, услуги и работи без спроведување на постапка за јавна набавка, како и неправилности во начинот на спроведување и реализација на постапките за јавна набавка на услуги за осигурување.

Извештајот натаму констатира дека не се преземени активности за законско отуѓување на расходуваните средства и утврдени се законски неусогласености кај склучените договори за вршење услуга и договори за услуги – договорен пошторазнесувач, како и во менаџерските договори.

За надминување на констатираните состојби дадени се препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Во делот на Нагласување за прашања ревизијата обелоденува за: – големото културно и национално значење кое го има руинираниот градежен објект „Шалтер салата‘‘, а кој подолг временски период е напуштен и неупотреблив, како и потребата од враќање на неговиот првобитен изглед и функционалност; – ненавремената наплата на побарувањата и зголемувањето на обврските, како и нивното влијание врз ликвидноста на друштвото; – судските постапки пред надлежните судови, каде АД Пошта на Северна Македонија, се јавува во својство на тужена страна и тужител и – неизвесноста во однос на враќањето на парични средства кои се украдени поради злоупотреба на службена положба.

Во делот на внатрешните контроли укажуваат на недостатоци и проблеми во функционирањето на информацискиот систем, што претставува ризик за квалитетно и навремено вршење на дејноста од страна на друштвото.

Како останато прашање, ДЗР ја истакнува потребата од подготвување на Стратегија за развој на поштенските услуги од страна на Министерството за транспорт и нејзино усвојување од Собранието.

Од страна на директорот на АД Пошта на Северна Македонија, доставени се забелешки по Нацрт извештајот на Овластениот државен ревизор, истите се разгледани и констатирано е дека најголем дел од нив претставуваат известување за преземени мерки и активности по утврдени состојби и дадени препораки, како и известување за причините кои довеле до утврдената состојба, една забелешка е делумно прифатена и една е прифатена поради дополнително доставени докази.

ZOOM

Ненавремено доставување на пратките, долгови, задолженост со кредити и камати, неправилности со јавните набавки, систематизацијата, се само дел од забелешките нотирани од Државниот завод за ревизија (ДЗР) на финансиските извештаи на „Пошта на Северна Македонија“ за 2023 година.

Read Previous

Филипче: Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра

Read Next

Австралија и Индонезија ја одржуваат најголемата воена вежба, прва по новиот одбранбен договор