ноември 22, 2024

Поскапува такси превозот во Скопје? Таксистите бараат зголемување на цените

Скопските таксисти со барање за зголемување на цените на такси превозот во главниот град. Стартот да изнесува 60 денари, а од километар да се наплаќа 35 денари, се барањата на такси превозниците. Тарифата за чекање според нив треба да изнесува 480 денари од час.

Таксистите барањето го темелат на зголемените трошоци за гориво, резервни делови и одржување на возилата, а според нив, ценовникот не бил менуван 11 години. 

Ако се прифатат нивните барања, тогаш такси превозот ќе се покачи за 20%.

TV21

Read Previous

ДУИ: Дискриминаторски буџет од Влада без етнички легитимитет

Read Next

Додека Скопје се гуши: Неспособноста и бизнис интересите на нелегитимниот министер за животна средина го загрозуваат животот на граѓаните, велат од ДУИ